Претседателски избори 2019

Пендаровски: Во мојот кабинет ќе има претставници на сите етнички заедници

Мојата визија се обединети граѓани, општество без поделби, сигурна и стабилна држава. Како ваш иден претседател ќе се грижам за сите подеднакво. Ќе се залагам за заедништво на сите граѓани независно од нивата националност, јазик, вера, социјална и друга определба, изјави денеска кандидатот за претседател на државата на СДСМ Стево Пендаровски.

„Јас силно верувам дека само обединети во различностите, можеме да одиме напред, кон подобра иднина, кон НАТО и ЕУ. Токму затоа ќе бидам претседател кој поттикнува заедништво и меѓусебно разбирање. Во мојот кабинет ќе има претставници од сите етнички заедници избрани според нивната компетентност и професионалност. Кабинетот на претседателот ќе го отсликува нашето мултикултурно општество.

Остро ќе се спротивставам на секоја партија која ќе се обиде да прави меѓуетнички тензии и на сите политики кои повикуваат на поделби и конфликти. Без разлика која политичка партија или коалиција е на власт, отворено ќе ги критикувам политиките кои ќе го стават под знак прашање или на било кој начин ќе ги загрозат интересите на граѓаните, кои се и остануваат мојот највисок приоритет.

Помина времето на поделби и црни сценарија. Време е да продолжиме напред и заедно да изградиме силна земја, со обединети и рамноправни граѓани. Ова е тоа што ви го нудам. На 5 мај ги повикувам сите Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци, сите етнички заедници да излезат, да гласаат за заедничка и сигурна иднина“, рече Пендаровски.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе