Претседателски избори 2019

Пендаровски во Градско: Земјоделците заслужуваат пристап до европскиот пазар

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, денеска ја посети општина Градско каде учествуваше на трибина со граѓаните од оваа општина.

Пред пристутните, Пендаровски зборуваше за евроинтегративниот процес и придобивките што следуваат по членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

„Го напуштивме времето на изолација, на затвореност, на ограничени можности и неизвесност и веќе втора година чекориме кон напредок и развој. Направивме голем пробив на отворање на портите на Европа. Членството во НАТО е извесно, а кон средината на годината залужено чекаме датум за преговори со ЕУ. Тоа е нова можност за развој на државата и давање шанси за вработување на младите, но и можност за земјоделството кое е една од најзначајните стопански гранки во нашата држава. Со интеграцијата во ЕУ и НАТО обезбедуваме пристап до пазар од над 500 милиони потрошувачи, тоа позитивно ќе влијае врз развој на земјоделството, поконкукретно производство. Сето тоа значи повеќе пари и повисок животен стандард за нашите сограѓани земјоделци“, истакна Пендаровски.

Да продолжиме со позитивните промени што не доближуваат до ЕУ и НАТО, заслужуваме да бидеме еднакви со демократскиот свет, граѓаните, младите, работниците, пензионерите, земјоделците, заслужуваат повисок животен стандард, да предолжиме Заедно напред!, повика Пендаровски.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе