Пендаровски во Ерусалим на форум „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот“

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ерусалим присуствуваше на форумот „Сеќавање на Холокаустот и борба против антисемитизмот". На форумот, како што соопшти Кабинетот на претседателот, присуствувале и претседателот и премиерот на Израел, Реувен Ривлин и Бенјамин Нетанјаху, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, потпретседателот на САД Мајк Пенс, претседателите на Франција и на Германија, Емануел Макрон и Франк Валтер Штајнмаер и принцот Чарлс.

На конференцијата во Ерусалим зборувале и Авнер Шалев, претседател на Јад Вашем, претседателот на советот на Јад Вашем, Рабинот Меир Лау и Моше Кантор, претседател на Фондацијата на Светскиот форум на Холокаустот.

Нагласувајќи дека ниту еден политичар или поединец повеќе не смее да дозволи да се случи ист или сличен настан како Холокаустот, говорниците и присутните им оддале почит на околу шест милиони Евреи кои беа убиени во Втората светска војна.

Претседателот Пендаровски положил меморијален венец и им оддал почит на илјадници убиени македонски Евреи кои беа депотрирани во логорот во Треблинка, како и на сите жртви кои од 1941 до 1945 година беа измачувани и убиени.

По повод 27 јануари – Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот и 75-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта Аушвиц, во рамки на конференцијата во Ерусалим, двајца преживеани од Холокаустот го запалиле меморијалниот факел.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе