Претседателски избори 2019

Пендаровски во Диво Насеље: Дајте поддршка за политиките кои носат напред

Режимот не успеа да го разниша заедништвото заради граѓаните. На 5 мај да гласаме за опцијата која не носи заедно напред, во ЕУ и НАТО, изјави денеска заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски на средбата со жителите на Диво Насеље, Куманово. Тој потсети на активностите на режимот на Груевски „со кои се внесуваше раздор и поделби помеѓу граѓаните, со кои сакаше да се разниша заедништвото и соживотот. За жал имаше и невини жртви".

Намерата на Груевски не му успеа бидејќи жителите им одржаа лекција на таквите политичари, рече Пендаровски.

„Вие одржавте лекција дека со политички игри не може да се урне соживотот. Сега на 5 мај граѓаните, вие, имате избор меѓу две опции. Првата, меѓу нас кои нудиме соживот, еднаквост, напредок, интеграции во НАТО и ЕУ. И втората, предводна од противкандидатката која вели дека се што е направено ќе се поништи. Тоа де факто значи враќање назад, кочење на држвата, изолација. Груевски од Будимпешта ги влече конците, се гледа. Немојте да дозволите тие темни времиња да се вратат назад, ајде да одиме заедно напред“, рече Пендаровски.

Тој побара глас и доверба за политиките кои водат напред, носат во ЕУ и НАТО , политики кои нудат еднакви права, доверба и економски просперитет за сите граѓани.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе