Претседателски избори 2019

Пендаровски во Дебар: Концептот едно општество е рецепт за успех

Заедничкиот кандидат за престедател Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните на општина Дебар, каде што повика на претстојните претседателски и локални избори да се гласа за концептот што води напред кон ЕУ и НАТО и побара граѓантие да му дадат поддршка на кандидатот за градоначалник Хекуран Дура.

„Дебрани секогаш знаеле да се обединат за една иста цел, а тоа е подобар живот во нашата заедничка земја. Како иден претседател нема да правам поделби, туку ќе бидам целосно доследен во применувањето на концептот едно општество бидејќи тоа веќе е препознаено како рецепт за успех", истакна Пендаровски.

Пендаровски пред граѓаните ги потенцира придобивките од отворањето на евроинтеграциите, особено во делот на економскиот развој и перспективите за младите.

„Придобивките од интеграцијата во ЕУ и НАТО веќе се чувствуваат, а тие дополнително ќе се интензивираат со членството во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ. Затоа, не смееме да застанеме, туку да продолжиме напред. Да не им дозволиме на Гордана и на ВМРО-ДПМНЕ пак да нè вратат назад. Тоа ќе го сториме преку гласање за бројот 3 на претседателските и глас за Хакуран Дура на локалните избори овде во Дебар. Затоа, заедно напред, за подобар живот за подобра иднина на Дебар и на Република Северна Македонија", порача Пендаровски.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе