Интервју за РСЕ

Пендаровски: Во Агенцијата за разузнавање има луѓе кои работат против Македонија и во интерес на други центри на моќ

Во интервјуто за Радио слободна Европа македонскиот претседател Стево Пендаровски, прашат за последните унапредувања и уназадувања во Агенцијата за разузнавања вели дека имало оперативци кои работеле против Македонија, против интеграцијата во НАТО и во интерес на други центри на моќ.

„Нема никаква основа за обвинувањата дека директорот на АР Еролд Муслиу направил чистка и деградирал професионални кадри. Извршени се унапредувања и уназадувања на одредени вработени лица. Оние што се уназадени се припадници на структурата во безбедносните сили кои со години рабoтеа против Македонија, против интеграцијата на земјата во НАТО. Станува збор само за тие луѓе. При овие последни унапредувања, унапредени се и неколку членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се одлични оперативци и беа маргинализирани од оваа претходна група која наводнo беше блиска со ВМРО-ДПММЕ, а всушност беше блиска со други центри на моќ и не работеше за македонските интереси“, рече Пендаровски.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе