Претседателски избори 2019

Пендаровски: Во 2014 година бевме морални победници, но сега мораме да бидеме и реални победници

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, на средба со жителите на Дебарца, порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани.

„Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се инетнзивира по влезот во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ“, истакна Пендаровски.

Во 2014 година, посочи Пендаровски, бевме морални победници, но сега мораме да бидеме и реални победници. Пендаровски побара граѓаните да не дозволат другата политичка опција да ја врати државата назад, во темниот тунел на груевизмот, бидејќи тогаш и најмногу млади се иселени.

Претседателскиот кандидат Пендаровски, повика на максимална излезност на претседателските избори во недела на 21 април, а потоа и на 5 мај.

„Гласот за бројот 3 е глас за обединување и заедништво! Затоа заедно напред кон сигурна иднина во ЕУ и НАТО“, повика Пендаровски.

Стево Пендаровски по средбата со жителите на Дебарца, оствари средба и со жителите на Вевчани каде што исто така повика на масовна излезност на престојните претседателски избори.

„Гласот за број 3 и концептот за напредок кој го предводам е глас за сугурна иднината на младите, за економските перспективи, подобрување на стандардот, повеќе пари и нови работни места“, рече Пендаровски.

„Тргнаа работите. Добивме покана за НАТО и ако продолжиме со реформскиот процес ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е голем успех бидејќи има политичари водат сметка за народот. Затоа е важно напредокот да продолжи", додаде Пендаровски.

Слоганот на неговата кампања е Заедно Напред, овие два збора, рече Пендаровски, значат живот и напредок во демократски и европски дом.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе