четврток, 28 март 2024

100 години Прилепска пиварница

Прилепска пиварница, еден од лидерите во индустријата, со гордост ја објавува и ја прославува својата 100-годишнина. Веќе еден век Прилепска пиварница е во првите редови на иновациите, поставувајќи стандарди, обезбедувајќи исклучителни производи за нашите ценети клиенти.

Објавено на

часот

Сподели

Од основање во далечната 1924 година, Прилепска пиварница континуирано се развива и се приспособува за да одговори на променливите потреби на нејзините клиенти и на пазарот. Посветеноста на извонредност и квалитет на производите и задоволството на клиентите беше движечката сила зад успехот на комапнијата во изминатиот век.

„Кога ќе погледнеме наназад, неизмерно сме благодарни за сето искуство насобрано и преточено во некои од најдобрите производи во регионот, пивата ‘златен даб’ и ‘Kрали Марко’, ‘Пепси’, ‘Прилепска газоза’ и многу други. Особено ни значи непоколебливата поддршка од нашите лојални клиенти, посветените вработени и доверливите партнери. Нивната доверба и соработка беа клучни во обликувањето на Пиварницата за да прерасне во почитувана и успешна компанија каква што е денес“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пиварница.

За да ја одбележи оваа значајна пресвртница, Прилепска пиварница ќе биде организатор на серија настани и иницијативи во текот на годината за да ја прославиме нашата историја, достигнувањата и луѓето што беа дел од ова патување.

Гледајќи напред, Прилепска пиварница останува посветена на иновациите, одржливоста и на континуираното вложување во природната средина. Среќни сме и возбудени за можностите и предизвиците што ни претстојат во иднина, со цел да продолжиме да напредуваме и да имаме позитивно влијание, велат од компанијата. Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!

 

Сто години постоење е навистина импозантна бројка кога ќе се земат предвид условите во средината, и токму затоа Прилепска Пиварница има за што да биде горда. Наздравуваме за уште долги години успех, заедно со сите вас!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ