Пендаровски-Вархеји: Како да се надминат проблемите со Бугарија

Можностите за исчекор на Македонија во евроинтеграциите, во контекст на претстојните состаноци во рамките на Европската Унија што треба да се одржат во мај и јуни годинава, како и билатералните прашања врзани со добрососедските односи беа тема на разговорот на претседателот Стево Пендаровски со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји утрово во Брисел.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, се разговарало и за надминување на проблемите со Бугарија.

Вархеји, како што објави самиот на Твитер, ја нагласил поддршката за официјален почеток на преговорите со ЕУ и потребата Европскиот советда се согласи за преговарачката рамка. Според него, важно е „Северна Македонија и Бугарија да најдат заеднички прифатливо решение за билатералните прашања“.

Пендаровски ја поздравил улогата на комесарот Вархеји во подготовката на економско-инвестицискиот план за Западен Балкан од страна на ЕУ и ги нагласи очекувањата дека неговата реализација ќе има многу важно позитивно влијание врз социо-економскиот развој на земјите и ќе ја зајакне регионалната соработка.

Во контекст на распределбата на 651.000 дози од вакцината „Фајзер“ за земјите од Западен Балкан, од кои нашата држава ќе добие 119.000 вакцини, претседателот порачал дека е клучно да се забрза процесот на вакцинација во претстојниот период и да се овозможи животот да се врати во нормала што побрзо.

Пендаровски во Брисел се сретна и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, со кого разговарале за најновиот развој на настаните во регионот, како и за предизвиците со кои се соочува во поглед на регионалната стабилност.

На средбите во Брисел била истакната важноста на регионалната соработка и процесот на проширување на ЕУ, а Пендаровски порачал дека „Северна Македонија е подготвена да ги почне пристапните преговори со ЕУ“.

Во рамки на посетата на Брисел, Пендаровски денеска ќе се сретне и со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и Висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, како и со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук.

Утре, пак, ќе има средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

 

 

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе