Пендаровски-Вархеји: Фокусот на државата е насочен на отворање преговори за членство со ЕУ

Европската и евроатлантската интеграција останува стратешка цел за нашата држава, порачал претседателот Стево Пендаровски на средбата со комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји кој престојува во прва официјална посета на Македонија.

Пендаровски му го честитал именувањето на Вархеји за еврокомесар, му посакал успех и изразил очекување дека тој ќе дава цврста поддршка на перспективата за проширувањето на ЕУ со земји од Западен Балкан.

На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот, се разговарало за актуелните состојби во земјата, како и за аспирациите на земјата за членство во ЕУ.

„Претседателот Пендаровски истакна дека европската и евроатлантската интеграција останува стратешка цел за нашата држава. Во очекување на скорешното финализирање на членството во НАТО, фокусот на државата е насочен кон перспективата за отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Северна Македонија останува посветена на европската агенда, имајќи го предвид фактот дека за членството во ЕУ има национален консензус меѓу политичките чинители и висока поддршка од граѓаните. Претседателот изрази надеж дека до март годинава ќе биде дефинирана новата методологија за водење на процесот на пристапните преговори меѓу земјите членки на ЕУ“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Во однос на предвремените парламентарни избори, Пендаровски повикал на одговорност од сите политички чинители и истакна дека тие треба да бидат фер, слободни и во демократска атмосфера, со оглед на нашите аспирации за идна земја-членка на Унијата.

 

 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе