Пендаровски утре во официјална посета на Полска

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе престојува во официјална посета на Република Полска.

Во Варшава, Пендаровски со највисоки државни и воени почести, како што е најавено, ќе биде примен од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе оствари и билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек и со маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Полска.

За време на официјалната посета на Република Полска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска. 

 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе