За „Шпигел“

Пендаровски: Стравуваме да не станеме втора Турција, заглавени како постојан кандидат за членство во ЕУ

Одложувањето на одлуката за почеток на преговори во октомври беше голем шок и за Македонија и за многу други, но евентуалното повторно одлагање напролет би бил многу сериозен удар. Тоа би можело да има многу длабоки, непредвидливи, а можеби и непоправливи последици, оценува претседателот Стево Пендаровски во интервју за германски „Шпигел“.

„Иако францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека се потребни реформи на процесот на проширување на ЕУ, сите се надеваа дека нема да биде блокиран стартот на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Тоа беше големо разочарување за нашите граѓани, за нашата Влада и лично за мене. На крајот на краиштата ние ги направивме сите потребни реформи и договори, и најмногу од сѐ направивме нешто што е уникатно во модерната светска историја, за да го решиме проблемот со Грција што не блокираше, го сменивме името на државата од Македонија во Северна Македонија“, изјави Пендаровски.

Тој додава дека и многу водечки политичари во ЕУ потврдиле дека е направена стратегиска грешка и дека Унијата не може да биде релевантен геоплитички играч ако не го интегрира Западен Балкан.

Пендаровски вели дека добил уверување од Макрон оти проблемот не е во земјава, туку во ЕУ на која ѝ се потребни реформи во однос на преговарачкиот процес, но, нагласува, „ние стравуваме дека можеме да станеме втора Турција која со години е заглавена како постојан кандидат за членство“.

Пендаровски нагласува дека Скопје нема ништо против реформи во преговарачкиот процес и е подготвено да ги спроведе неопходните реформи, а го прифаќа и предложениот модел на ревизрибилност, но очекува евентуалните реформи на процесот на пристапување да бидат направени брзо и без натамошни одложувања.

Според него, за Северна Македонија е неприфатлива каква било друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ. Истовремено, предупредува дека дистанцирањето на ЕУ од Западниот Балкан може да отвори простор за други играчи и да влијае негативно на реформите во земјите од регионот.

„Тие може да кажат дека Македонците ги исполнија сите услови, го сменија нивното име, а не добија ништо. Тогаш зошто ние да правиме сериозни напори и реформи? Тоа особено се однесува на проблемот на Србија и Косово“, изјави Пендаровски.

На прашањето дали евентуалниот вакуум може да го искористат Русија, Турција и Кина, тој наведува дека не сака да именува ниедна држава, но оти има центри на моќ кои не се задоволни од проширувањето на НАТО и ЕУ, па земјите од регионот се често цел на лажни вести, дезинформации или кампањи со цел нивна дестабилизација.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе