На Самитот на Процесот Брдо-Бриони

Пендаровски со Пахор и Милановиќ: Македонија е подготвена за преговори со ЕУ

Евроинтеграцијата на Македонија и почеток на преговорите за членство биле тема на разговорите на претседателот Стево Пендаровски со претседателите на Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Зоран Милановиќ во рамките на учеството на самитот на Брдо-Бриони Процесот, во Брдо кај Крањ.

На средбата со Пахор, Пендаровски истакнал дека земјава силно ги вреднува одлучноста и поддршката од Словенија кон политиката на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, како и најавата дека тоа ќе биде меѓу врвните приоритети во агендата на претседавањето на Словенија со Советот на ЕУ во втората половина на годинава.

Пендаровски, како што соопштија од неговиот кабинет, кажал дека Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговарачкиот процес и дека останува посветена на исполнување на надворешно-политичката цел, односно полноправно членство во ЕУ, што ќе овозможи забрзано спроведување на реформите во земјата.

На средбата, пак, со хрватскиот претседател Милановиќ, Пендаровски се заблагодарил за силната и континуирана поддршка за европските аспирации, потврдена за време на шестмесечното хрватско претседателство со Советот на ЕУ, кога беше донесена и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ.

„Интеграцијата на Северна Македонија и на останатите земји од Западен Балкан во ЕУ, ќе придонесе кон трајна стабилизација на регионот, како и негов просперитет“, било кажано на средбата.

И на двете средби се разговарало и за состојбата со пандемијата на ковид-19КО, како и за предизвиците во справувањето со последиците на здравствен, економски и на социјален план.

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе