Пендаровски со „Македонија2025”: Дијаспората да се вклучи во градењето на иднината на земјата

Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на САД, во Њујорк се сретна ствари средба со претставници на организацијата „Македонија2025“ кои го информирале за досегашните активности и приоритети во контекст на нивното делување во Њујорк и на американскиот континент во целина.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, истакнал дека „Македонија2025“ е позитивен пример за придонесот на македонските иселеници во економскиот и демократски развој на Северна Македонија и ја изразил својата поддршка за нивната работа.

„Оддавајќи признание за досегашните вложени напори, претседателот Пендаровски ги охрабри претставниците на ‘Македонија2025’ за нивен засилен ангажман преку кои се искажува и волјата и решеноста на македонската дијаспора активно да се вклучи во градењето на иднината на Северна Македонија.

На средбата стана збор за идните планови на организацијата, како и за програмите за стипендирање и други проекти преку кои активно се градат лидерски вештини кај младите и се поддржува нивниот талент”, стои во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

 

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе