Пендаровски со европратеници од „Жан Моне“ дијалогот: Очекуваме методологијата на ЕУ да се усвои во март

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими европратениците Андреас Шидер, Илхан Кјучук и Марион Валсман, копретседавачи со „Жан Моне“ дијалогот, којшто денеска и утре ќе се одржи во македонското Собрание.

На средбата на која што присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар, Пендаровски истакнал дека нашата држава високо ја цени постојаната принципиелна поддршка од Европскиот парламент и посветеноста во однос на процесот на проширување.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за политичката состојба во државата, за тековниот реформски процес во контекст на интеграцијата во Европската Унија, како и за актуелните политички состојби во Унијата.

Исто така, заеднички била констатирана важноста од позитивен исход на разговорите во рамките на „Жан Моне“ дијалогот, помеѓу лидерите на парламентарните партии во државата.

„Пендаровски пред европратениците истакна дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на Република Северна Македонија и го повтори очекувањето дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена на состанокот на Европскиот совет во март 2020 година. Истовремено, претседателот Пендаровски посочи дека се надева дека за време на хрватското претседателство ќе биде одреден датум за почеток на пристапните преговори на земјава со ЕУ“, се вели во соопштението.

 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе