Во Њујорк

Пендаровски со Американско-еврејскиот комитет: Дијалог, соработка и меѓусебно почитување

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк се сретна со претставници на Американско-еврејскиот комитет и изрази очекување дека одличното ниво на дијалог, соработка и меѓусебно почитување и разбирање во наредниот период ќе продолжи со истата динамика. 

На сребата, како што соопшти неговиот кабинет, Пендаровски изразил задоволство од билатералните односи на Македонија со САД и со Израел и притоа го изрази постојаниот интерес за понатамошна промоција и зајакнување на односите во сите области од заеднички интерес со двете држави.

Исто така, тој ја нагласил важноста од одржување редовни контакти со израелските колеги, како и со претставниците на Американско-еврејскиот комитет, Светскиот еврејски конгрес, Еврејската агенција и преживеаните од холокаустот. Пендаровски, како што рекол, е уверен за уште поплодна соработка во сите области од заеднички интерес, имајќи ги предвид истите заложби за мир, демократија и просперитет на глобално ниво.

„Претседателот Пендаровски, нагласувајќи ја важноста што Северна Македонија ја придава на Еврејската заедница во нашата држава подвлече дека Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје спроведува долгорочна мисија за промоција, едукација и истражување за сеќавањето на Холокаустот во насока на борба против опасностите од секаков вид нетолеранција, шовинизам и антисемитизам, а со цел изградба на општество во кое се негуваат и целосно се почитуваат етничката и верската разноликост”, се додава во соопштението.

 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе