„Состојбата е исклучително сериозна“

Пендаровски: Ситуацијата со ковид-19 да не се користи за политички поени, сите сме губитници

Ситуацијата со ковид-19 е исклучително сериозна, ресурсите во државата максимално се користат, а за да се истрае во борбата потребна е одговорност, меѓусебна солидарност и претпазливост. Во отсуство на вакцина или лек, нема друга алтернатива освен почитување на мерките, порача претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност, на која единствена точка била состојбата со ковид-19 и мерките за справување со вирусот.   

„Ситуацијата не се подобрува, секој ден има се повеќе заболени и починати. И најразвиените земји тешко излегуваат на крај. Не сакам да барам оправдување за секој потег на нашите власти, но во однос на сетот на мерки, не постојат мерки што се препорачани од СЗО и што ги применуваат другите земји, а да не се применуваат кај нас.

Главнината е иста, разликата е само во нивото на почитување од страна на граѓаните и имплементација од институциите“, рече Пендаровски.

Според него, секоја добронамерна и конструктивна критика е добредојдена, кај Министерството за здравство и во Владата постои и мора да постои добра волја за прифаќање предлози.

„Посебно сакам да нагласам дека ниту во Владата, ниту во Министерството за здравство, ниту во Комисијата за заразни болести, не е собран сиот ум, затоа секоја критика, издржан предлог, е добродојден. Сите корисни идеи и предлози да бидат прифатени“, изјави Пендаровски.

На седницата на Советот за безбедност, како што кажа, не се разговарало за прогласување вонредна состојба.

„Не очекувам ситуацијата да се користи за добивање на политички поени, бидејќи сите сме губитници. Не беше отворено прашањето за прогласување на вонредна состојба. И понатаму мислам дека вистинско место за дискусија на таа тема треба да биде Парламентот", порача Пендаровски.

На денешната седница на Советот за безбедност присуствувале сите членови, освен Марковски и министерот Оливер Спасовски. Министерот за здравство Венко Филипче информирал за актуелната ситуација со ковид-19,  за најновата состојба, работата на Комисијата за заразни болници и за болниците, а премиерот Зоран Заев за мерките за економијата и за функционирањето на Централниот кризен штаб.

 

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе