Претседателски избори 2019

Пендаровски: Сиљановска конечно кажа дека некако го прифаќа Преспанскиот договор

Преспанскиот договор беше една од темите за кои се конфронтираа претседателските кандидати Стево Пендаровски и Горданата Сиљановска Давкова на вечерашната последна дебата пред вториот изборен круг. 

Во однос на изјавата на Блерим Река кој ги повика своите гласачи да гласаат по сопствено убедување, Пендаровски рече дека е достоинствена изјава.

„Јас мислам дека е достоинствена изјава. Не ни очекував тој да повика да се гласа за некој кандидат, тој е доблесен човек. Јас да ја пишував неговата изјава би ја напишал исто. Ние сега може да дебатираме дали мислел за некого од нас со изјавата. Но, кога рече да излезат да гласаат, рече да гласаат за да не загрози ЕУ интеграцијата. Не верувам дека мислел дека со ревизија на Преспанскиот договор, ќе останеме на патот кон ЕУ”, рече Пендаровски.

Во меѓусебните обвинувања за Преспанскиот договор, Сиљановска кажа дека не може да го поништи Преспанскиот договор, но смета дека е лош, асиметричен договор, спротивен на меѓународно право и е спротивен на Уставот на земјава. 

„Кога ќе треба да потпишам нешто ќе го потпишам се додека тоа име ќе постои, но јас името Северна Македонија нема да го користам. Ќе направам се со сите правни аргументи да го повратиме името”, рече Сиљаноска.

На ова Пендаровски прокоментира дека конечно Сиљановска изјавила дека некако го прифаќа Преспанскиот договор.

 

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе