Пендаровски: Секое прекројување на границите на Балканот ќе донесе дестабилизација на регионот

Секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот и секоја таква идеја нема да наиде на поддршка од Европската унија, вели претседателот Стево Пендаровски за наводниот нон-пејпер што словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку други дестинации во ЕУ под наслов „Западен Балкан-патот напред“.

Шефот на државата во изјава за „Трилинг“ на ТВ24, истакнува дека независно од тоа дали постои таков документ или не, неговиот став е одамна познат и многу пати кажуван, а тој е дека секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот.

„Единствениот пат кој води напред кон подобар живот и благосостојба на граѓаните и државата е преку исполнување на неопходните реформи, клучни за наше придружување во европското семејство“, наведува Пендаровски.

Тој тврди и дека никогаш не разговарал со претседателот на Словенија Борут Пахор за прекројување на границите на Балканот.

„На ниту една од средбите кои сум ги имал со претседателот на Словенија Борут Пахор во изминатиот период, не е разговарано за прекројување на внатрешните или надворешните граници на Балканот“, дециден е претседател Стево Пендаровски.

За нон-пејперот, во кој според словенечките медиуми, се предлага менување на границите на Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, но и на Северна Македонија, во средата се огласи Еропската комисија.

„Позицијата на ЕУ е многу јасна и нема ништо што треба да се промени. Треба да работиме на регионална соработка и помирување. Тоа е идејата и логиката на пристапниот процес – обид да се решат сите прашања, така што процесот не оди во опасни области, придржувајќи се кон европските закони и принципи“, изјави портпаролот на ЕК, Петер Стано, без да потврди дали во Брисел стигнал таков нон-пејпер од Љубљана.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, пак, по обелоденувањето на информациите за нон-пејперот во медиумите, демантираше дека изработил таков документ.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе