Меѓународен ден на знаковниот јазик

Пендаровски се обрати на знаковен јазик: Да помогнеме да ги премостат бариерите (ВИДЕО)

Да им овозможиме непречен пристап до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик на сите наши глуви и наглуви сограѓани, порача претседателот Стево Пендаровски во видео пораката по повод Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

„Да помогнеме да ги премостат бариерите со кои се соочуваат во комуникацијата со институциите. Да не заостануваме зад светот во унапредување на знаковните јазици како дел од јазичната и културната разновидност”, вели Пендаровски во видео пораката.

Претходно и премиерот Зоран Заев преку видеообраќање го честиташе Меѓународниот ден на знаковниот јазик, 23 Септември.

„Одбележувањето на овој ден нè прави дел од прогресивните заедници во светот, афирмирачи на знаковниот јазик.

Нашата Влада, преку политиките за промовирање на можностите на граѓаните од заедниците на глуви и наглуви, го едначи знаковниот јазик со сите други говорни јазици.

Тежнееме нашето општество да ја прифати во целост оваа вредност”, рече Заев.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе