Пендаровски: Салвини за мене не е фашист, туку демократски избран политичар

Ова не е поддршка ни на десницата ни на левицата, не ме интересира политичкиот светоглед на Салвини, туку дали начинот на кој е избран е демократски, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

„Должност ми е да се произнесам во врска со искажаните ставови. За мене Салвини не е фашист, туку демократски избран министер во демократска Република Италија која е наш голем пријател во нашите евроатлански аспирации“, рече Пендаровски.

Тој негираше дека професорката Ана Чупеска-Станишкоска од Правниот факултет во Скопје е негова советничка или ангажирана во претседателскиот кабинет, на новинарско прашање дали ќе следи извинување до Италија откако таа коментираше дека вицепремиерот на Италија, Матео Салвини и (екс-премиерот) Берлсускони се клепто-фашисти кои водат специјална војна кон Македонија претставува дипломатски скандал, а веста ја објави пратеникот Антонијо Милошоски.

„Знаеме кој е изворот на таа вест и тој апсолутно знае дека Чупеска нема никаква врска со кабинетот, но тој има таква агенда да шири лажни вести”, рече Пендаровски.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе