четврток, 18 април 2024

Во Полска уапсен наводен руски шпион кој планирал атентат на Зеленски

Полицијата во Полска уапсила маж бидејќи наводно шпионирал за руската воено-разузнавачка служба ГРУ и затоа што наводно се согласил да учествува во заговор за убиство на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти полското обвинителство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на обвинителството се наведува дека мажот кој е идентификуван како Павел К. е обвинет дека бил спремен на руски агенти да им открие информации за безбедноста на аеродром и дека е уапсен во Полска во средата.

Се наведува дека тој човек барал контакт со Руси кои се директно вклучени во војната во Украина и се очекувало дека ќе пренесе детални информации за аеродромот Зешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е главно место за западната воена и хуманитарна помош за Украина. Го користат и лидерите и политичарите кои патуваат во Украина и надвор од неа. Аеродромот го контролираат американските трупи.

Ако биде прогласен за виновен, мажот би можел да биде осуден на затворска казна до осум години.

Обвинителите кажале дека апсењето е резултат на блиската соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои пружиле клучни докази. Се додава дека истрагата е сè уште во тек.

Неколку луѓе се уапсени во Полска поради обвинувања дека шпионирале за Русија од почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ