Пендаровски: Рудникот „САСА“ треба да се посочи како успешен пример и за останатите компании

Задоволство е што во овој регион, државата има компанија која работи по највисоките светски стандарди, со добиен највисок сертификат за заштита при работа и компанија која работи одлично на економски план и која води сметка за своите вработени, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски, кој заедно со министрите за труд и социјална политика и за економија, Мила Царовска и Крешник Бектеши го посетија рудникот за олово и цинк „САСА" во Македонска Каменица по повод 28 Август, Денот на рударите.

Тие се запознаа со мерките и вложувањата во областите на безбедност и здравје при работа и за заштита на животната средина, инвестициите во современа технологија и во производниот процес, како и со поддршката што ја обезбедува рудникот „САСА" за развојот и потребите на локалната заедница.

Освен тоа оваа дејност која често знае да загадува, не е пречка рудникот „САСА" да води сметка и за пошироката околина. Луѓето прават се, тоа да биде сведено на минимум, плус придонесуваат за општеството преку поддршка на спортски клубови и вложувања во младите генерации. Според сите параметри, рудникот „САСА" треба да се посочи како успешен пример и за останатите компании, истакна Пендаровски.

Министерката Царовска изрази задоволство што првата група рудари со бенефициран стаж замина во пензија и посочи дека очекува нови проекти од рудникот „САСА" за подршка на идните млади рудари.

Знам дека рудникот има во најава можност за инвестиција во млади луѓе кои ќе сакаат да работат на овие работни позиции, а ние како Министерство и Влада ќе продолжиме да работиме на унапредување на правата на рударите, истакна Царовска.
Министерот Бектеши потенцираше дека Министерството за економија и Владата посветено ќе продолжат да работат на донесување нови законски решенија за хармонизирање на правилниците и тарифниците за експлоатација на минерални суровини.
– Најголема добивка од тоа во иднина ќе имаат општините кои и досега надоместокот од концесијата го користеа за реализација на инфраструктурни проекти, рече Бектеши.

Домаќинот, генералниот директор на рудник „САСА", Олег Телној истакна дека рудникот и натаму ќе продолжи со инвестициите за заштита на животната средина.

 Рудникот „САСА" располага со добар потенцијал за натамошен развој. Заедно со вработените и преку соработката со институциите на централно и локално ниво ќе ги оствариме поставените развојни цели, со што ќе продолжиме да придонесуваме за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина. За да го постигнеме тоа ќе продолжиме со нашите континуирани вложувања во најсовремена технологија, во благосостојбата и безбедноста на вработените и во заштитата на животната средина, рече Телној.

И годинава, по повод празникот, менеџаментот на рудникот „САСА" обезбеди парични бонуси и пригодни подароци за сите вработени, како признание за нивното залагање и посветеност во работата. Дополнително, додеделени се и посебни награди за особен придонес во безбедноста и здравјето при работа, како и во остварувањето на производствените планови.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе