Пендаровски – Рикер: Усвојување на суштинските реформски закони преку конструктивен дијалог

Земјава вложи огромни напори за да ја надмине статус-кво состојбата од минатото и сега треба сите политички чинители заеднички да работат на европската иднина на државата, преку конструктивен политички дијалог за усвојување на суштинските реформски закони, рече претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со в.д. помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил очекување дека до крајот на годината ќе биде завршено ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО во сите земји-членки, меѓу кои и во САД, со што Македонија ќе стане 30-та членка на Алијансата.

„Нашето зачленување во Алијансата ќе претставува конкретна потврда на заложбите на САД за стабилна, сигурна и економски развиена Северна Македонија и одраз на волјата на мнозинството наши граѓани кои сакаат да ја видат Северна Македонија како членка на евроатлантските институции”, рече Пендаровски.

Земјата, според него, е силно посветена на зацрвстување на стратешкото партнерство со САД, со цел поттикнување уште подлабоки врски меѓу двете пријателски земји и нивните граѓани.

Пендаровски изразил благодарност за безрезервната поддршка и помош од САД, особено во остварувањето на нашите евро-атлантски аспирации.

„На тој пат, Северна Македонија ќе продолжи тесно да соработува со САД, како наш долгогодишен сојузник и поддржувач на реформите во областа на одбраната и безбедноста, владеењето на правото и независноста на судството, како и во областа на јавната администрација”, порача Пендаровски.

Како што се наведува во соопштението, Рикер му го честитал стапувањето на функцијата на Пендаровски, додавајќи дека САД ќе продолжат силно да ги поддржуваат демократските реформи во земјава, со цел нејзино целосно интегрирање во евро-атлантските организации. 

 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе