Здружението на Оштетени штедачи на разговор со шефот на државата

Пендаровски: Разрешница за Еуростандард банка во соодветна законска процедура

Претседателот Стево Пендаровски на средбата со претставници на оштетените штедачи од Еуростандард банка ги истакна своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи, информира кабинетот на шефот на државата.

Во соопштението се вели:

„Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со преставници на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка.

На средбата преставниците на здружението го запознаа претседателот Пендаровски со нивните барања за целосно парично обесштетување на оштетените физички и правни лица депоненти во Еуростандард банка, по одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на банката.

Претседателот Пендаровски ги истакна своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи“.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе