По неколку години пауза се враќа трката за Големата награда на Кина. Таа ќе почне со спринт трката која е прва за новата сезона.
Квалификациите за спринт трката се возеа по тешки услови, дождливото време им создаде проблеми на возачите, а најдобро се снајде пилотот на Мекларен, Ландо Норис кој заврши пред Луис Хамилтон од Мерцедс и Фернандо Алонсо од Астон Мартин.
Светскиот шампион Макс Ферстапен ќе стартува од четвртата позиција на спринт трката во Шангај, а зад него се Карлос Саинц, Серхио Перез, Шарл Леклер, Оскај Пјастри, Валтери Ботас и Жу.
Спринт трката се вози утре наутро во 5 часот по македонско време, а четири часа подоцна се квалификациите за главната трка која ќе се одржи во недела од 9 часот.
#F1SPRINT QUALIFYING CLASSIFICATION
That was fun! 😃#F1 #ChineseGP pic.twitter.com/sz1wJDtPym
— Formula 1 (@F1) April 19, 2024