Претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба во државата

Претседателот Стево Пендаровски вечерва прогласи вонредна состојба во државата. Ваквата одлука е донесена, како што рече во обраќањето до граѓаните, за поефикасно справување со коронавирусот.

Вонредната состојба ќе трае 30 дена. Во тој период Владата до Пендаровски ќе треба да поднесе извештај од донесените мерки за заштита против корона вирусот, дневно да информираат за преземените активсоти ижурираните планови за постапување во иднина.

Владата ќе продолжи да функционира како техничка.

„Предмалку ја потпишав одлуката за прогласување вонредна состојба на територијата на целата држава. Фактот што првпат од нашата независност поднесуваме вонредна состојба укажува колку е сложена состојбата во земјата. Изборите ќе мора да бидат одложени, а ќе се закажат дури кога за тоа ќе се создаде прилика“, истакна Пендаровски во вонредното обраќање.

На граѓаните уште еднаш им порача да останат дома и да не патуваат надвор.

„Во овој момент штетите за фирмите се огромни, Владата мора да понуди помош и поддршка. Како држава и граѓани не очекуваат тешки денови , но како претседател немам никаква дилема во одлуките кои ги носам. Со оглед на зголемените овластување очекувам Владата и сите инволвирани институции да информираат за сите активности кои ги преземаат. Лидерите даваат поддршка за прогласување на вонредна состојба. Владата ќе продолжи да опстојува како техничка, и сите политички партии ќе работат за заштита на здравјето на граѓаните. Најавените избори се откажуваат. Парламентарните избори ќе бидат закажани дури кога ќе се создадат услови за тоа. Сега е најскапоцено да го заштитиме животот на сите. Бидете дисциплинирани и одговорни пред себе и своите најблиски. Не излегувајте од дома без позначајна потреба. Благодарам на сите доктори, полицајци, војници, волонтери... кои вложуваат натчовечки напори за заштита на здравјето на граѓаните. Испраќам порака до сите граѓани и апелирам дека најпаметно е да останете каде што сте. Дома сте добредојдени, и ако решите да се вратите тогаш ќе мора да ги почитувате сите мерки. Апелирам до сите да бидеме смирени и одговорни и солидарни еден кон друг. Ако се држиме заедно сигурно ќе ја победиме оваа заедничка ситуација", рече Пендаровски.

Воведување вонредна состојба побара Владата, а со таков став претходно излегоа и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Предлогот на Владата за воведување вонредна состојба го соопшти и образложи премиерот Оливер Спасовски, по што беше доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Џафери, пак, го проследи до Пендаровски кој, како шеф на државата, има надлежности да прогласи вонредна состојба.

„Владата веќе нема ниту најмала дилема. Затоа на денешната седница предложивме воведување вонредна состојба, сега и веднаш. Мерките ги дадоа очекуваните резултати, но треба да се заострат со воведување вонредна состојба за да спречиме уште поголем пик. Убедени сме дека тоа може да се среди само со вонредна состојба“, напомена Спасовски на прес-конференција во Владата.

Премиерот објасни дека Собранието прогласува вонредна состојба, но ако е распуштено, постои уставна одредба тоа да го стори претседателот на државата – тој може да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена. Спасовски потенцира и дека нашата држава прв пат во својата историја ќе донесе ваква мерка. Воведувањето вонредна состојба, дополни, е една од најтешките одлуки што ги донела која било влада.

Врз основа на членот 125 од Уставот став 4 ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае  по завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието. 

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе