Кабинет на претседателот

Пендаровски поништи укази на Иванов и потпиша шест нови укази за разрешувања и именувања во Армијата

Македонскиот претседател Стево Пендаровски потпиша укази за разрешувања, поставувања и отповикувања во Армијата на Република Северна Македонија. Пендаровски ова го стори по одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата, која утврди дека поранешниот шеф на државата Ѓорге Иванов донесените укази за поставувања во Армијата на 25 февруари 2019 година ги извршил за време на изборниот период. Иванов всушност потпишал укази по распишаните избори за претседател на државата, со што го прекршил Изборниот законик и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

Согласно новите укази, бригадниот генерал Орце Драган Јордев, со указ се разрешува и се поставува за заменик на командантот на Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата.

Бригадниот генерал Мирче Тито Ѓоргоски е отповикан од воен претставник на Република Северна Македонија при НАТО во Брисел. Со тоа, ова место, исто како и позицијата Амбасадор на државата во НАТО во Брисел останува празно. Кога ќе се најде соодветно решение, велат од кабинетот на претседателот, ќе биде поставен воен претставник на државата во НАТО. Од Кабиентот информираат дека вршител на должноста во Мисијата во НАТО е Горан Цеков.

Разрешен е и полковник Драган Ѓорѓи Ковачки од командант на 1. Механизирана пешадиска бригада во Здружената оперативна команда во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Полковник Сабедин Бесник Емини е разрешен од началник на штаб во Здружената оперативна команда во Генералштабот на АРСМ и е поставен за командант на 1. Механизирана пешадиска бригада.

Полковник Мирослав Маријо Јуришиќ со указ е отповикан и поставен за одбранбено аташе на Северна Македонија во Париз.

Началникот на Генералштабот, Васко Ѓурчиновски, со указ од 25 февруари 2019 година беше унапреден од чин генерал-мајор во чин генерал-потполковник. Во Законот за одбрана нема законска основа за одземање на чин, освен доколку носителот на чинот е лично одговорен за определени противзаконски дејства, како што се кривично дело или тешка дисциплинска повреда.

Се очекува новите укази денеска да бидат објавени и во Службен весник на Република Северна Македонија.

За ова се известени и шестмината опфатени со указите, информираат од Кабинетот на претседателот и нагласуваат дека решенијата по новите укази се донесена по двомесечна исклучително комплексна правна постапка, во консултации во самиот Кабинет, со експерти, но и со претставници од ДКСК.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе