Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, Владата, Собранието и партиите со делегации од пониско ниво

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас", по повод 119-годишнината од смртта на македонскиот великан и револуционер. Тој е единствениот претставник на државниот врв кој положи цвеќе. Премиерот Димитар Ковачевски за делото на Делчев се огласи преку фејсбук, а денот го минува во Конско, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е во Карбинци. Во исто време во Софија на научна конференција на која се говори и за Делчев присутни се претседателот и потпретседателката на Бугарија - Радев и Јотова.

Во отсуство на премиерот Ковачевски, во име на Владата цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија министрите Јованка Тренчевска и Благој Бочварски, како и заменик министерот Беким Реџепи.

„Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност“, соопшти Владата.

Во име на Собранието на Македонија цвеќе положи потпретседателот Горан Мисовски.

Делегацијата на СДСМ која положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев беше предводена од Вангел Андрески, организационен секретар на СДСМ, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ и Викторија Мадиќ, претседателка на надзорен одбор на СДСМ.

Делегацијаta на ВМРО-ДПМНЕ беше составена од потпретседателите Владо Мисајловски и Александар Николоски, како и од членот на ИК Ели Панова.

Делегацијата на Град Скопје ја предводеше градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Цвеќе на гробот на македонскиот великан положија и делегација на Сојузот на борците, како и бројни општински и партиски делегации, организации и здруженија, како и граѓани.

Инаку, денеска во Скопје продолжи со работа научната конференција за ликот и делото на Гоце Делчев.

Во Софија пак, не случајно токму на годишнината од смртта на Делчев, се одржува конференција на тема „Европска перспектива за добрососедски односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија".

За разлика од Скопје, каде на научната конференција отсуствуваат претставници на државниот врв, во Софија присутни се претседателот на Бугарија Румен Радев, потпретседелката на државата Илијана Јотова, копретседателот на заедничката Комисија за историски прашања Ангел Димитров, како и други членови на Комисијата, но и други актуелни и поранешни политичари.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе