Пендаровски по повод 8 Април: Не смееме да заборавиме на предизвиците и потребите на Ромите

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница.

„Како претседател на Република Северна Македонија, задоволство ми е да ја упатам мојата честитка по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите, ден на почетоците на ромското движење во кое уште од 1971 година на Првиот светски ромски конгрес е потврдено дека Ромите имаат свое знаме, химна, јазик, култура и официјално се нарекуваат Роми. Со оваа честитка би сакал да ја искажам мојата почит за вашиот придонес во градењето и во зачувувањето на нашата татковина како дел од армијата, полицијата, образовните институции, здравствените институции, бизнисот и економијата, правото и правдата, администрацијата, дипломатијата, политиката, граѓанскиот сектор. Како и досега, сите заедно сме дел од секојдневната борба да обезбедиме достоинствен и квалитетен живот на сите во Република Северна Македонија без разлика на родовата, етничката, религиската, политичката или некоја друга припадност.

Не само денеска, туку и сите останати денови во годината, како држава не смееме да заборавиме на предизвиците и потребите на Ромите и на сите останати граѓани во нашето мултикултурно општество. Сите заедно имаме голема обврска да ја подобриме интеграцијата на Ромите, да создадеме општество во кое дискриминацијата и говорот на омраза ќе останат во минатото и ќе ги почитуваме човековите права на сите граѓани на нашата татковина. Отворено ја давам мојата поддршка за амбиент во кој сите креатори на политики, институциите и граѓаните, ќе покажат проактивност за решавање на проблемите со коишто се соочувате и сите заедно ќе ја исполниме нашата обврска и максимално ќе ги искористиме нашите капацитети и надлежности во овој поглед.

Столб на нашата стабилност, развој и просперитет, како мултиетничко општество е тоа што заедно сме во оваа борба и заедно ја градиме патеката за остварување на еднакви права и должности пред законот за сите граѓани подеднакво. 

Нека ни е честит 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите! Bahtalo о 8. April sa e Romenge“, се вели во честитката на Пендаровски.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе