Претседателот го прими косовскиот премиер Хоти

Пендаровски: Пандемијата не смее да биде пречка за реформите

Глобалната пандемија не смее да биде пречка за натамошно унапредување на економските и трговските односи, и за интензивирање на меѓусебната соработка и поддршка на планот на евроинтеграциите и спроведување на реформските процеси, посочил претседателот Пендаровски на средбата со косовскиот премиер.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски го прими претседателот на Владата на Косово, Авдулах Хоти кој денеска се наоѓа во официјална посета на Скопје

На средбата претседателот Пендаровски изразил уверување дека одличните билатерални односи меѓу Македонија и Косово ќе продолжат да се развиваат во духот на добрососедството, и ќе бидат потврдени со конкретни иницијативи, кои истовремено ќе придонесат за просперитетен и стабилен регион и забрзана регионална соработка.

Во таа насока, соговорниците размениле мислења и околу можностите за продлабочување на билатералната и регионалната економска соработка, како и за поинтензивна комуникација помеѓу бизнис секторите на двете земји.

„Глобалната пандемија не смее да биде пречка за натамошно унапредување на економските и трговските односи, и за интензивирање на меѓусебната соработка и поддршка на планот на евроинтеграциите и спроведување на реформските процеси", посочил претседателот Пендаровски на средбата со косовскиот премиер.

Претседателот Пендаровски го поздрави Договорот за економско нормализирање на односите меѓу Косово и Србија потпишан во Вашингтон, како исчекор во изнаоѓањето на конечен компромис, изразувајќи уверување дека ќе придонесе за севкупната стабилност на регионот.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе