„Палењето на знамето на Република Бугарија за време на карневалот во Вевчани е недопустливо и за осуда. Меѓу соседите е неопходно градење на доверба, разбирање и почитување“, стои на Фејсбук профилот на шефот на државата.
По палењето на бугарското знаме вчера на Вевчанскиот карневал Бугарија преку амбасадорот во земјава Ангел Ангелов упати остра вербална нота до нашето МНР.