Пендаровски-Пахор: Меѓувладината конференција да почне без одлагање

Меѓувладината конференција со ЕУ да се одржи веднаш и без одлагање. Ова е приликата што ЕУ не смее да ја пропушти, порача денеска словенечкиот претседател Борут Пахор по средбата со претседателот Стево Пендаровски.

Пахор јасно кажа дека конференцијата не смее да се одложи зашто тоа може да доведе до инерција на целиот процес кој потоа би траел долго време, а тоа ќе ги загрози интересите на Северна Македонија, на регионот и на ЕУ. Затоа, како што рече, сега треба, без одложување, по тивките, како што рече, дипломатски канали, но и отворено, на ниво на ЕУ, да се најдат сите патишта меѓувладина конференција да почне.

„Не можам да кажам колку е тоа битно. Мојата посета тука не е случајна, не е случајно ниту времето на посетата. Го избрав зашто сакам како една од 27-те држави на ЕУ да нагласам дека сега е вистинската прилика да не се одложува меѓувладината конференција на Северна Македонија со Европската комисија. Разбирам дека некои соседни држави имаат колебања, но сакам отворено и јасно да кажам дека сега е вистинско време за солидарност меѓу членките на ЕУ и за целата дипломатска ветшина да стори се меѓувладината конференција да почне без одложување. Словенија сега не го повикува Брисел да направи чекор, туку сум тука, во Скопје, посебно да кажам само за една држава, зашто сé уште важи индивидуланиот пристап”, рече Пахор на заедничката прес-конференција со Пендаровски.

Тој потсети на искуствата што неговата земја ги имала на патот пред зачленувањето во ЕУ, но и потоа, кога била во позиција да биде блокирана, но и да блокира некоја држава и ги повика двете страни да најдат што е можно поскоро договор за отворените прашања, бидејќи, како што кажа, одложувањето дополнително ќе го усложнува решавањето на проблемите.

 

Северна Македонија, според Пахор, последните години направи толку многу за да ги исполни сите услови на ЕУ, така што сега би било неверодостојно да се одложат билатералните разговори со Унијата.

„Знам колку е чувствително тоа прашање. Но, кога блокирате договори станува политички сѐ потешко да се најде компромис, рече словенечкиот претседател и додаде „двете држави да најдат решение што побрзо зашто одложувањето би значело многу тешка задача за наоѓање прифатливи решенија”.

Претседателот Пендаровски кусо додаде дека до овој момент не постои официјална позиција на Бугарија со која се бара одложување на првата меѓувладина конференција.

„Сакам да го видам крајот на преговарачкиот процес кој се одвива во ЕУ. Не би ја коментирал почетната преговарачка позиција на Бугарија. Имаме намера периодов да го отвориме комуникацискиот канал со Софија. Би почекал следните недела-две како ќе се одвива преговарачкиот процес во Брисел. Има сигнали дека може да се најде компримис за неколку точки. Апсоултно сум убеден дека нашите бугарски пријатели нема да си дозволат да бидеме блокирани во декември”, напомена Пендаровски.

По заедничката прес-конференција Пендаровски и Пахор положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас”, по што словенечкиот претседател замина на средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе има и обраќање пред пратениците во Законодавниот дом.

За попладне е планирана средба со премиерот Зоран Заев.

Пахор, кој ќе престојува во земјава денеска и утре, на платото пред „Вила Водно" беше официјално пречекан од претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести.

Потоа се одржа тет-а-тет средбата на двајцата претседатели по што следуваше и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Северна Македонија и Република Словенија.

Пахор и Пендаровски утре ќе заминат за Охрид, каде ќе присуствуваат на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Северна Македонија во Кампот за обука на вода. Претходно ќе прошетаат низ Охрид и ќе ги разгледаат културните знаменитости.

Борут Пахор за време на посетата на земјава е придружуван од министрите за економски развој и технологија и за одбрана, Здравко Почивалшек и Матеј Тонин.

 

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе