Претседателски избори 2019

Пендаровски: Oтвораме врати за подобра иднина

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска во рамки на кампањата за претседателските избори имаше средби со граѓаните на Сопиште и Студеничани.

Пред граѓаните Пендаровски ги потенцираше придобивките од, како што рече, избирањето напредок наместо изолација, градењето пријателства наместо продолжување на спорови со соседите.

 „Тргнавме напред, покажавме дека преку договор и пријателство ги отвораме вратите кон подобра иднина за сите граѓани. Решавањето на деценискиот спор со соседна Грција значи интеграции во ЕУ и НАТО, економски развој, европски перспективи, нови инвестиции, нови работни места, подобар живот за нас и нашите поколенија“, рече Пендаровски.

Стојам, додаде тој, зад концепт кој нуди продолжување по вистинскиот пат кој носи подобар живот за сите. Според него, времето на стагнација и изолација завршило и земјава чекори напред.

„Оваа држава може да оди напред само ако сме сите заедно и ако сите одиме напред. Не може дел да одат напред, дел да назадуваат. Толку малку сме, толку малку луѓе останаа овде по сите голготи и долг период од триесеттина години транзиција што ако не ги собереме сите креативни сили на едно место, не може да фатиме чекор со модерниот свет“, порача вечерва од средбите со граѓаните во општина Центар Стево Пендаровски.

Претседателскиот кандидат како срамно го оцени владеењето и однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов во изминатите години. Рече дека нема да се однесува како него и дека пред се ќе се води од интересите на сите граѓани, а не оние кои го поддржале или гласале за него.

Пендаровски вели дека ќе се обиде да направи се што е во рамки на неговите надлежности, земјава да стане место на живеење во кое младите ќе може да си ја најдат својата среќа, а дури потоа да размислуваат за заминување надвор.

Според него, се случува млади да заминуваат и од земјите членки на ЕУ и НАТО, како Хрватска на пример, но вели, тие тоа го прават бидејќи имаат избор, а не се приморани.

Во изминатите десеттина години за време на владеењето на минатат власт, рече, сите кои не беа на нивна страна беа приморани среќата да ја бараат надвор. Тоа, додаде мора да се промени, и младите прво овде да си ја побараат среѓата а дури потоа да размислуваат за надвор.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе