Шефот на македонската држава на средба со шведскиот премиер

Пендаровски од Лофвен побара да продолжи шведската поддршка на патот на Македонија кон ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Малме остварил средба со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, којшто беше и домаќин на Меѓународниот форум „Rеmember-React", („Запомни – Реагирај"). Пендаровски изразил очекување за продолжување на шведската поддршка за нашиот евро интегративен пат и истакнал дека Македонија високо ја цени континуираната поддршка од Шведска за јакнење на капацитетите на македонските институции.

„Двајцата соговорници на средбата разговараа за актуелниот контекст во однос на очекуваниот почеток на преговорите за членство на нашата земја во Европската Унија. Изразувајќи благодарност за континуираната и конзистентна поддршка од Шведска за нашата европска интеграција, претседателот Пендаровски ја истакна посветеноста на државата кон реформскиот процес, особено во сферата на владеењето на правото и го повтори ставот дека натамошното одложување на процесот на проширување ќе има долгорочни негативни последици за развојот и стабилноста на регионот. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази очекување за продолжување на шведската поддршка за нашиот евро интегративен пат", се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата.

Пендаровски истакнал дека Северна Македонија високо ја цени континуираната поддршка од Шведска за јакнење на капацитетите на македонските институции, особено во областа на демократијата, владеењето на правото и заштитата на животната средина.

„Истовремено, претседателот Пендаровски изрази благодарност за поддршката што нашата држава ја добива преку програмите на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (СИДА) во повеќе области.

На средбата претседателот Пендаровски и премиерот Лофвен дискутираа и за билатералните односи меѓу двете држави и беше оценето дека Република Северна Македонија и Кралството Шведска се посветени на натамошно динамизирање на политичкиот дијалог.", се вели во соопштението.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе