Пендаровски oд денеска во дводневна работна посета на Брисел

Претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да оствари средби со челниците на Европската Унија и на НАТО.

Како што е најавено, денеска Пендаровски ќе оствари средби со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, со претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, со потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, со комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, со европратеникот и известител за Република Северна Македонија, Илхан Кјучук, како и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Од кабинетот на Пендаровски информираат дека утре шефот на државата ќе оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе