Пендаровски: Никој нормален во земјава нема да дебатира за македонскиот јазик, тој е факт

Ставот на бугарските академици дека не постои македонскиот јазик е анахрон за 20-от и 21-от век во кој живееме, вели претседателот Стево Пендаровски.

„Македонскиот јазик и македонската нација се факт. Македонскиот јазик е лингвистички факт со децении и децении наназад и тоа е утврдено и на меѓународно ниво. Мислам дека е беспредметно да разговараме за нешто што е гол факт, ноторен факт што го знаат сите, не само кај нас и не само кај нив, го знаат во целиот свет“, рече Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со реакцијата на Бугарската академија на науките (БАН) на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ.

Според него, и Преспанскиот договор се повикува на Конференцијата на ОН од 1979 година на која македонскиот јазик е нормиран како еден од јазиците во јужнословенската група и е меѓународно признаен.

„Да потсетам според Уставот на поранешна Југославија од 1974 година, таа држава имаше три официјални јазици. Еден од трите јазици беше и македонскиот јазик. Тоа значи дека кога тогашна Југославија беше членка на ОН и во личната карта како на секоја земја членка на ОН уште од 1974 година стоеше и македонскиот јазик. Значи тоа е апсолутно неспорна работа и јас навистина мислам дека би губеле време да се убедуваме дали нешто постои или не постои. Тоа постои, исто како што македонската нација е факт и околу тоа никој нормален во нашата земја нема да дебатира, ниту да потпишува договори со кого било“, истакна Пендаровски.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе