Претседателски избори 2019

Пендаровски на митингот: Ние одиме напред, а Сиљановска е кочничар

Оваа слика на заедништво покажува дека патот е трасиран, ова покажува колку сме подготвени да продолжиме напред, рече на денешниот централен митинг Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат на СДСМ и на коалицијата.

„Сега чекориме на патот кон евроинтеграцијата и одиме заедно напред. Градиме едно општество за сите, во кое сите сме еднакви пред законите. Не барам поддршка само за да бидам претседател, туку да го поддржиме концептот на заедништво. Сето друго е споредна улица што не носи во провалија“, рече Пендаровски.

Тој истакна дека членството во НАТО и ЕУ не се далечни, но дека пред нас се се уште сериозни предизвици.

„Вашта правда е и моја правда, вашата неправда е моја грижа“, им порача Пендаровски на присутните. Тој својата противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Сиљановска-Давкова ја нарече „кочничар“, која јавно ќе ја повлече државата назад.

Централниот митинг го обезбедуваат стотици обезбедувачи, присутните носат маички во различни бои, на дел од нив пишува „Заедно“, а на другите „Напред“. На митингот се присутни голем број државни функционери, директори на јавни претпријатија и речиси сите министри од Владата, кои се исто облечени со различни бои на маички, со логото на Стево Пендаровски „Заедно Напред“.

„Имаме неповторлива можност како генерација да оставиме трајно наследство. Обезбедена и сигурна држава, рамноправен член на сите сојузи. Оние кои мислат дека сигурноста можеме да ја обезбедиме без НАТО и ЕУ, се лажат себеси. Немаме повеќе генерации за губење и нема да и дозволиме на политичката опозиција да не вратат назад. На сите оние кои сакаат да не вратат назад, гласно да им порачаме дека сите заедно ќе одиме напред. Не барам поддршка само да станам претседател, туку барам поддршка за концептот на иднината, концептот едно општество за сите. Ова не се само обични избори за претседател, на овие избори избираме опција да продолжиме напред кон иднината“, рече Пендаровски.

Тој е симбол на внатрешната инетргација и затоа ќе биде претседател кој ќе обединува и во добро и во лошо, рече на митингот Бујар Османи од ДУИ. Османи порача дека денешната поддршка, денешното заедништво ја покажува европската срж на нашето општество, ја покажува вистинската слика на Европа на Балканот и е доказ дека се движиме на вистинскиот пат.

„Пендаровски е симбол на нашата внатрешна инетргација и кохезија помеѓу различните етнички  заедници. Тоа е нашата предност и како граѓани и како заедница и како држава. Тоа е нашата предност на 21 април наспроти другите кандидати.  Токму затоа Стево Пендарвоски ќе биде идниот претседател на Република Северна Македонија, ќе биде гласот на разумот и  претседател кој ќе ги обeдини сите заедници и во добри и во лоши времиња“, истакна Османи.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе