Пендаровски непријатно изненаден: Јас средбите на Мицкоски со Орбан не ги нарекувам ТикТок средби

Претседателот на државата Стево Пендаровски е непријатно изненаден од изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој неговата средба со американскиот претседател Џо Бајден ја нарекува ТикТок средба.

„Претседателот Пендаровски никогаш не си дозволил и нема да си дозволи средбите на господинот Мицкоски, на пример, со господинот Орбан да ги нарече ТикТок средби, ниту пак на идентичен начин да ја дисквалификува средбата која пред 10 години со господинот Бајден, тогаш потпретседател на САД, ја имаше неговиот тогашен партиски претседател, Никола Груевски. Станува збор за САД, Унгарија и многу други наши докажани партнери и пријатели од меѓународната заедница со кои сме дел од истата демократска заедница на вредности и затоа треба да покажеме поголема почит кон нивните политички претставници”, се наведува во реакцијата од Кабинетот на претседателот на државата. 

Мицкоски во изјавата за пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи кој не се појави на собраниската седница рече дека „претседателот на државата којшто е најодговорен во вакви ситуации заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот, бидејќи пратеник во македонското Собрание нема”. 

„Гледаме го нема Пендаровски ни да бекне ни да гукне, ниту за политичката ситуација ниту за енергетско-безбедноста ситуација која и се заканува на Македонија, туку слушаме за негови тик-ток средби од две минути”, рече Мицкоски.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе