За РТК

Пендаровски: Нема полоша идеја од менување граници за решавање на спорови

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски изјави дека му претставува задоволство тоа што наскоро ќе ја има можноста да биде прв претседател на Македонија кој ќе го посети Косово.

Пендаровски, како што јавува МИА од Приштина, во синоќешното интервју за косовската РТК, рекол дека како нов претседател на Северна Македонија, лично ќе се заложи за натамошен развој на односите со Косово, во интерес на граѓаните на двете земји.

„Драго ми е што ќе бидам првиот претседател на Северна Македонија кој ќе има можност да го посети Косово. Рецепт за успех во евроинтеграциите е соработката, во прв ред со соседните земји”, изјави Пендаровски, најавувајќи дека лично ќе се заложи Северна Македонија да има одлични односи со Косово, како и со Албанија.

Тој категорично се спротивставил на можноста за промени на границите како решение за регионалните спорови, нагласувајќи дека таквите решенија поттикнуваат конфликти.

Прашан како ги коментира заложбите на претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ за корекции на границите како решение за споровите меѓу двете држави, Пендаровски рече дека тоа е најлошата идеја што ја чул до сега.

„Полоша идеја од оваа не сум слушнал. Сите знаеме дека промената на границите, каде и да се случи, е рецепт за конфликт. Да можеше оваа работа така да се реши на маса, до сега ќе беше решена. Но, оваа идеја, според информациите кои ги имам, нема подрршка ниту кај одлучувачките фактори во Европа и во САД. Јас со двете раце го поддржувам ставот на ЕУ која се залага за решение што ќе го постигнат Белград и Приштина и кое нема да го дестабилизира регионот, туку ќе придонесе за негова стабилност”, вели Пендаровски.

Тој вети дека ќе се ангажира и за што побрза изградба на делот од автопатот Приштина-Скопје на македонската страна, и изрази жалење што Македонија доцни со заокружување на овој проект на својата страна од границата, пренесува МИА.

 

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе