На средбата се разговарало за актуелните случувања врзани со почетокот на пристапните преговори за членство во ЕУ, при што Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, нагласил дека нема план Б за европската иднина на земјата, и кажал дека интензивно се работи на планот А, а тоа е членство во Европската Унија.
„Претседателот Пендаровски рече дека ќе продолжат напорите за надминување на проблемот и го реафирмираше ставот дека за идентитетот и јазикот, како основно човеково право на самоопределување, нема да се преговара“, се вели во соопштението.
На денешната средба присуствувале амбасадорот на Полска, Војциех Тицињски, на Чешка, Мирослав Томан, на Словачка, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.
Пендаровски се заблагодарил за континуираната силна и гласна поддршка од страна на земјите од Вишеградската група во рамки на европските институции, а се разговарало и за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19.