Во Меѓународниот центар Низами Ганџави во Њујорк

Пендаровски: Неизвесноста во евроинтеграцијата може да влијае на мирот и стабилноста во регионот

„Што значат мирот и стабилноста во 21. век?” е темата на која говореше претседателот Стево Пендаровски на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави, што се одржа на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации. 

 

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, говорел за искуствата на земјите од регионот на Западен Балкан по падот на комунизмот, констатирајќи дека заради низа објективни причини, како што беа конфликтите во поранешна Југославија, економската девастација, бројните отворени прашања, ниту една земја од регионот не може да се вброи како лидер на посткомунистичкиот период во Европа.
Тој се осврнал и на искуствата на Македонија, со посебен акцент на направените компромиси со соседите, членството во НАТО и посветеноста на интеграцијата на земјата во ЕУ.
Според него, одржувањето на перспективата за членство во Европската Унија е клучниот двигател за реформите, не само во нашата држава, туку и во земјите од Западен Балкан, додека самото членство - клучно за обезбедување долгорочна стабилност, мир и просперитет во регионот.
„Во оваа смисла, опишувајќи го евидентниот застој во интегративните процеси на сите земји од Западен Балкан во изминатите неколку години, претседателот Пендаровски изрази загриженост и предупреди дека неизвесноста на овој план би можела битно да влијае на мирот и стабилноста во регионот.  Истовремено, подвлече дека резултат на сегашниот застој се спорото реформско темпо и подемот на евро-скептицизмот во сите држави од Западниот Балкан”, се наведува во соопштението.

Покрај ова, во своето обраќање, Пендаровски ја истакнал и важноста на односите меѓу ЕУ и САД, кога се зборува за мирот и стабилноста на Западен Балкан, констатирајќи дека секогаш кога односот помеѓу ЕУ и САД бил добар и силен, тогаш се гледале придобивките за регионот, Европа и евроатлантскиот регион во целина. 

„Иднината на Западниот Балкан е во ЕУ и Унијата треба да ја држи вратата отворна не само заради потребата од сериозни резултати во делот на европските критериуми за демократија, владеење на правото, борбата против корупцијата, туку и заради можноста од користење на евентуалниот вакум од страна на надворешни фактори, кои промовориаат геополитички концепти, кои не се базирани на општите европски вредности”, заклучил Пендаровски.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе