Во интервју за Детектор

Пендаровски: Не сум убеден дека ќе има избори на 12 април

Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори бидејќи тоа не зависи од мене, вели шефот на државата, Стево Пендаровски во своето интервју за Детектор. Претседателот потсетува дека тоа е одлука која што ја носи мнозинството во Собранието и дека само од него зависи дали и кога ќе се организираат изборите.

„Не сум убеден бидејќи не зависи од мене. Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака ќе направи распуштање на парламентот" вели Пендаровски за Детектор.

Според него, нема некоја голема разлика дали ќе се оди на предвремени или на редовни избори, бидејќи како што вели, не гледа што е тоа што може да се случи во тој меѓу-период.
„Јас го коментирав тоа и порано. Не е до мене, меѓутоа и така влегуваме скоро во изборна година, може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок" – вели Пендаровски.

Тој за Детектор вели дека нема ништо против Собранието предвремено да го ратификува протоколот за НАТО бидејќи за членството во алијансата постои јасна политичка волја кај сите политички субјекти.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе