Пендаровски: Не можеме да го отвораме Уставот по потреба

Во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон" на ТВ Алсат, Пендаровски рече дека настанот со отворањето на клубот "Ванчо Михајлов" е спорен поради две основни причини – името на клубот и структурата на бугарската делегацијата која дојде во Битола.

„Според мое видување, спорни се два момента. Прво, името и пред сѐ името, морам да кажам дека тука кабаетот е на нашите институции што воопшто регистрирале институција од областа на културата со такво име. Втората маана, според мене, е структурата на делегацијата која дојде од Бугарија...ако во екипата е еден Каракачанов, или една Захариева, кои се архитектите на овој спор, на оваа блокада од Бугарија..., мислам дека добрата намера на Петков, со самиот состав на делегацијата и влегувањето во објект кој носи име на докажан фашистички колаборатор, е прилично поткопана или минимизирана,“ вели Пендаровски.

Говорејќи за барањата за внесување на Бугарите во македонскиот Устав, Пендаровски рече дека за тоа прашање може да се разговара, но оти нема гаранции дека некоја наредна влада во Софија ќе нема други барања кон нас.

„Никој не може да гарантира колку време актуелната политичка гарнитура во Бугарија ќе се одржи на власт и какви следни барања од нас би можела да има некоја наредна. Малкумина се оние кои ќе ви потврдат дека владата на Петков може да издржи 7-8 години, до нашиот формален влез во ЕУ. Од кого да бараме такви гаранции. Политика е ова. Следната влада ќе рече – ова што потпишала претходната влада, биле предавници на нашата кауза, не нѐ интересира. И? Не можеме да го отвораме Уставот по потреба, секој понеделник,“ вели Пендаровски.

Според него, се случи пресврт во барањата на Софија во врска со нашата интеграција во ЕУ. Бугарија, за да даде зелено светло на преговарачката рамка, претходно инсистирала на комплетно преземање на бугарската историографија во македонските учебници и согласност дека македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот до крајот на Втората светска војна.

„Сфаќајќи дека тоа не проаѓа, просто не е европска приказна, тоа не е европски аргумент, не е аргумент за Европа, не е аргумент за една демократска дебата, тие почнаа тогаш да зборуваат за Бугарите да бидат внесени во Уставот, како некаква гаранција за нивните права и нивниот статус тука во Северна Македонија,“ рече Пендаровски. Посочи на објаснувањето од МНР дека во моментов со Бугарија се разговара токму за тоа дали барањето за влез на Бугарите во Уставот ќе биде дел од преговарачката рамка со Брисел и кога овој услов би се исполнил.

Шефот на државата смета дека кај нас никој не е против внес на Бугарите во Уставот, но проблем е дали тоа би било последното барање на официјална Софија, особено додека траат преговорите за членство меѓу Скопје и Брисел.

„Во моментов не изгледа така, меѓутоа јас тврдам дека има речиси стопроцентен политички консензус меѓу власта и опозицијата, барем она што го слушам од јавните изјави на главните актери, бугарската заедница да биде внесена во Преамбулата на Уставот,“ рече Пендаровски.

Тој се надева дека спорот со Бугарија нема да доживее грчко сценарио и оти ќе трае со години.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе