Пендаровски: Не чувствувам должност кон СДСМ и ДУИ

Во историјата на државата претседател не бил избран без поддршка на кој било од големите два блока, рече претседателот Стево Пендаровски, во интервју во телевизијата Канал 5.

Потенцира дека ќе се држи до Уставот и до законите и нема намера да прави компромис со тоа што се нарекува правна држава и владеење на правото.

Одговарајќи на прашањето дали чувствува некаков долг кон СДСМ и ДУИ, Пендаровски дециден дека нема никакви долгови за враќање.

„Во политичка смисла ако не работат за доброто на граѓаните, јас не сум со нив и тоа во неколку наврати го покажав“, рече меѓу другото Пендаровски.

Во однос на претстојните предвремени парламентарни избори Пендаровски посочи дека ќе му го даде мандатот на оној што ќе го увери или ќе му даде гаранција во облик на потписи дека има 61 пратеник.

Пендаровски тврди дека на лидерската средба кај него, бил договорен само 12-ти април за изборите, но не и одложувањето на распуштањето на Собранието. Сепак, како што рече, и со распуштањето на Собранието на 16. февруари, ДИК има доволно време да ги организира изборите.

Ставот на шефот на државата бил дека не би било добро 12. април да се одложува како датум на избори.

Пендаровски вели дека не би сакал да имаме ваков предизборен модел на техничка Влада, но, истакна ова е најдобар модел поволен за нас.

На прашањето како ја оценува функционалноста на техничката Влада, Пендаровски подвлече дека недовребата меѓу двата политички блока е толку голема што мислам, рече, дека ова е најдобриот од инаку лошите модели на кохабитација меѓу политичките субјекти пред избори.

„Нивото на недоверба помеѓу политичките субјекти е поголемо, веројатно и на ниво на лидерствата, многу поголемо од просечното ниво на недоверба меѓу граѓаните кои се веќе партиски и политички определени“, рече шефот на државата Пендаровски.

За Законот за ЈО и начинот на кој беше донесен во Собранието, Пендаровски укажа дека може да ги потпише законите откако се изгласани и кога Собранието е распуштено.

Пендаровски истакна дека според неговите информации јадрото од 80 отсто на Законот за ЈО било направено од страна на странски експерти.

„Тврдам дека ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ и без да го донесевме Законот за ЈО, но добро е што го имаме“, рече меѓу другото Пендаровски во „Само интервју" на Канал 5.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе