Дводневна официјална посета на Црна Гора

Пендаровски на средба со Ѓукановиќ во Цетиње

Претседателот Стево Пендаровски претпладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекан пред претседателската резиденција во Цетиње од претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, со што започна официјална посета на покана од шефот на црногорската држава. Двајцата претседатели во моментов во резиденцијата одржуваат тет-а-тет средба, по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на Македонија и на Црна Гора и заедничка прес-конференција на шефовите на дрвете држави.

На состанокот беа потврдени одличните традиционални партнерски и пријателски односи, како и плодниот политички дијалог меѓу двете држави, и информираат од македонската делегација.

Пендаровски ќе има средби и со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ и со Дритан Абазовиќ, заменик премиер и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во Бар утре ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Македонија и Црна Гора.

Од Цетиње, Жана Поповска Божиновска

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе