На ред се предвремените избори

Пендаровски на половина од лидерската: Имаме државен консензус, сакаме да одиме по европскиот пат

Заврши првиот дел од лидерската средба во вила „Водно“. Претседателот Стево Пендаровски за време на паузата рече дека средбата е на половина и имале две точки за разговор. Првата е неодамнешните заклучоци на европскиот совет и од сите учесници побарал да го реафирмираат нашиот став, а втората точка се предвремени парламентарни избори. 

„Според моето сеќавање нашата држава е по трет пат во ваква ситуација, 1991 кога бевме во слична ситуација, па потоа 2008 во слична ситуација, кога бев присутен со македонската делегација во Самитот на НАТО ВО Букурешт, кога од познати причини околу спорот за името со нашиот јужен сосед бевме комплетно блокирани и сега по овие крајно неповолни заклучоци. Драго ми е што сите поканети лидери искажаа јасен државотворен капацитет и ниту еден од нив не испушти да каже дека ова е единствениот пат по кој треба нашата земја да оди, и дека не постојат никакви алтернативи на тој пат и дека државата може да биде просперитетна. Имаме јасен државен консензус дека стојат зад идејата Република Северна Македонија да ги почне и да ги заврши преговори и да стане членка, но сите рекоа не за било какви алтернативи на процесот на приклучување и конечно полноправно членство. До сега тоа не ни го нудат, но може е да биде алтернатива. Ние имаме право да бидеме членка на ЕУ еден ден откако ќе ги задоволиме критериумите", истакна Пендаровски.

Тој додаде дека ова е првиот дел и до тука запреле. Претседателот кажа дека за консензус не размислуваат и сите присутни се обврзале дека било кои и да е на власт ќе работи на приклучување кон ЕУ, по што замина да зборуваат за точката парламентарни избори.

 

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе