Пендаровски на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ во Братислава, во фокусот е ковид-19

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Братислава ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“, каде ќе има собраќање на тема „Западен Балкан по ковид-19“.

Како што соопшти неговиот кабинет, во Братислава, предвидено е Пендаровски да се сретне со Сузана Чапутова, претседателка на Словачката Република, Мирослав Лајчак специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за други прашања за Западен Балкан и Олга Стефанишина, вицепремиерка за европска и евроатлантска интеграција на Украина.

Годинешниот форум „ГЛОБСЕК 2020“ се одржува под мотото „Заеднички да го излечиме светот – опоравување по целосното затворање“, а темите на дискусија се фокусирани на влијанието на кризата од ковид-19 врз повеќе сфери од општествениот, економскиот, социјалниот и политичкиот живот, како и можностите за изнаоѓање одржливи решенија во периодот што следи.

На конференцијата ќе учествуваат шефови на држави и влади, министри за надворешни работи, парламентарни делегации, претставници од бизнис заедницата, како и бројни претставници на влијателни меѓународни невладини и тинк-тенк организации од Европа и светот. Сесиите во рамки на ГЛОБСЕК можат да се проследат со пренос во живо преку нивната веб-страница, се додава во соопштението.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе