Претседателски избори 2019

Пендаровски: На 5 мај концептот „Заедно напред” ќе ја заокружи победата

Води концептот „Заедно”, тоа е дел од единствениот успешен концепт за сите нас и за нашата држава. Концептот „Заедно” ќе побдеи во вториот криг од претседателските избори на 5 мај”, порача претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на вечерашната прес-конференција по првиот изборен круг. 

„Јасно е, мнозинството граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми, други... се изјаснија дека сакаат напред. Тоа е другиот дел од успешниот концепт за сите нас и за нашата држава. Денешното гласање помина во демократски дух. Очекувам така и да продолжиме и на 5 мај да ги финишираме овие избори, затоа што заедно напред не е само концепт, туку и акција. 

А јас едвај чекам да се фатам за работа на патот кон евроатлантска и економски развиена Република северна Македонија за сите од позицијата претседател на државата, затоа што 10 години оваа земја немаше претседател”, изјави Пендаровски. 

Изборот во вториот круг од претседателските избори, како што рече, е стеснет од три кандидати на два претседателски кандидата, ама изборот ќе биде полесен. 

„Затоа што разликата помеѓу мене и Гордана Силљановска е голема. И верувам дека тоа ќе придонесе за уште поголема одлучност и тоа во прилог на концептот Напред, затоа што знаеме, Назад не е опција, туку блокада и криза”, додаде тој.     

Пендаровски се обрати посебно до граѓаните кои гласаа за кандидатот Блерим Река, до неодлучните, како и до оние кои гласаа за Сиљановска, но внатрешно се свесни за штетите што ги носи тој концепт на поделби и враќање назад.

„Знам дека знаете што е исправно за државата, за вас и најважно, за децата. Ваши, наши, тие се деца на нашата заедничка иднина. Прогресивниот концептот Едно општество за сите мора да продолжи, за да живееме заедно спокојно. Прогресивниот концепт евроатланстски интеграции мора да продолжи, за да живееме во стабилна и напредна држава. Прогресивниот концепт, економски разиена држава, е можен само ако се реализираат и првите два концепта. Ќе разговараме за ова и во следните две недели. Секој треба да учеаствува во позитивните промени. Подавам рака кон сите. Ќе бидам европски претседател на сите граѓани, во европска Република Северна Македонија”, порача Пендаровски.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе