По средбата со Мицкоски

Пендаровски: На 27 април немаше тероризам, ама имаше терористичко загрозување на уставниот поредок

По средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, македонскиот претседател Стево Пендаровски изјави дека мора да се санира крајно спротивставената политичка реторика и дека без тоа нема да се дојде до национално или граѓанско помирување, туку, како што истакна, нема да можеме да воспоставиме ниту базична политичка комуникација меѓу нас, како што сега е ситуацијата.

„Не правам ревизија на судската пресуда, бидејќи не гледам причина за такво нешто. Тоа е завршена работа. Луѓето лежат во затвор, ниту велам дека пресудата е донесена без докази. Зборувам за обидите за политичко толкување на пресудите што не придонесува за воспоставување нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели. Мојот став дека ако има нови докази кои порано не биле познати, може да го преотвори процесот, не значи дека јас заговарам преотворање на процесот. Само ја цитирам одредбата од законот и законската можност според која тие луѓе преку своите адвокати во вонреден правен лек можат да побараат од Врховниот суд да ги оцени новите докази, ако такви постојат. Одлуката дали процесот ќе биде повторен, сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот“, изјави претседателот Пендаровски.

„Во однос на случувањата од 27 април јас го повторив мојот став дека помилување за лица кои направиле кривично дело без преседан во современа Европа, не доаѓа предвид затоа што нивната вина во тој процес беше неспорно утврдена. Во однос на правната квалификација на делото, факт е дека тие лица не беа судени за кривично дело тероризам, туку по друг член, за терористичко загрозување на уставниот поредок. Дејствата со кои може да се изврши тоа кривично дело се слични, запретената казна е идентична, најмалку 10 години. Инаку, за 27 април, паметите, постои и пресуда за група луѓе кои беа дел од истата толпа која влезе во Собранието и го претепа Зијадин Села. Ако се следи правна квалификација, значи цело време, внимавајте, зборувам за правна квалификација не за политички интерпретации на пресудите, ако се следи правната квалификација на таа пресуда, тие луѓе беа судени и со право добија високи казни, но не беа судени за кривично дело тероризам, туку за убиство во обид.

Или на пример, случајот со напаѓачот на пратеничката, тогаш Радмила Шекеринска, тие се сцени кои не шокираа и нас и светот, кој беше исто така дел од луѓето кои влегоа во Парламентот и кој не беше суден за тероризам, туку за кривично дело насилство.

Значи накусо, да се разбереме, сите овие споменати направија страшни кривични дела, оставија тешки последици и трауми и кај нападнатите и кај нивните семејства, добија заслужени казни, според она што го знаеме од претходните процедури кои завршија и тука нема компромис. Меѓутоа, политичката реторика, сега зборувам за тој дел, во која и тогаш и денес тие пресуди беа врамувани, објаснувани, интерпретирани, според мене, дополнително го продлабочува јазот меѓу граѓаните.

Според едната група, според едното образложение, тие се терористи од рангот на Ал Каеда и ИСИС, а според другата тие се уставобранители, иако се судени за загрозување на уставниот поредок, значи, не го штителе, туку, напротив, го рушеле Уставот.

Уште еднаш, бидејќи имаше и такви конструкции - со оваа моја теза не правам ревизија на судската пресуда, бидејќи не гледам причина за такво нешто, тоа е завршена работа, луѓето лежат во затвор, ниту велам дека пресудата е донесена без докази. Само зборувам за обидите за политичко толкување на пресудите што не придонесува за воспоставување нормална политичка дебата во која нема да се гледаме како смртни непријатели.

Мојат став дека ако има нови докази кои порано не биле познати може да се преотвори процесот не значи дека јас заговарам преотварање на процесот. Јас само ја цитирам одредбата од законот и законската можност, според која тие луѓе, преку своите адвокати, по вонреден правен лек, можат да побараат од Врховниот суд да ги оцени новите докази, се разбира ако такви воопшто постојат. И одлуката дали процесот ќе биде повторен, сигурно нема да ја носи некој политички фактор, туку судот“, рече Пендаровски.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе